Connect with us

Фудбал

Тухел фатен како го имитира Гвардиола, а реакцијата откако ја виде камерата е феноменална

Томас Тухел го оживеа тимот на Челси откако се приклучи на клубот во јануари оваа година.

Сините од Стемфорд Бриџ играат навистина одличен фудбал, а Тухел успеа да ги однесе во финалето на Лигата на шампионите каде ќе се борат за трофејот со Манчестер Сити.

Пред овој дуел, Тухел е многу расположен, и реши да направи малку шега со менаџерот на противникот Пеп Гвардиола.

Тухел беше фатен како ги имитира движењата на Пеп Гвардиола пред стручниот штаб и играчите. Тој мавташе со рацете како што прави шпански експерт, а потоа ја забележа камерата.

Реакцијата откако сфати дека е снимен е феноменална. Тухел започна да се смее, а потоа се поздрави со снимателот.

Финалето за Тухел против Манчестер Сити утре ќе биде јубилеен 30-ти натпревар на клупата на Челзи.

Од пристигнувањето во јануари, тој го водеше тимот на 29 натпревари и има учинок од 18 победи, шест нерешени средби и пет порази со гол-разлика 37-16.

Секако треба да се напомене дека Тухел стана првиот тренер кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите во последните две години со две различни екипи. Минатата сезона го одигра финалето со ПСЖ и беше поразен од Баерн (1:0).