Connect with us

Фудбал

Тухел во дилема – Икарди или Мбапе

Останаа уште само неколку часа од натпреварот помеѓу Галатасарај и ПСЖ во Лигата на шампионите, а Томас Тухел има сериозни дилеми.

Тој размислува дали да го стави Мауро Икарди уште од првата минута и да го остави Килиан Мбапен на клупата. Аргентинецот се опорави целосно од повредата и ќе треба да го носи товарот на нападот. Французинот сè уште не е физички подготвен и треба да остане на клупата за да не дојде до посериозни повреди.

Мбапе играше 30 минути во последниот натпревар против Бордо, дури и му асистирапше на Нејмар, но дали може да издржи цели 90 минути. Медицинскиот персонал не дозволува Французинот да игра од почетокот на предизвикот.