Connect with us

Други спортови

Тур де Франс нема да биде одложен, туку преместен?

Организаторите на Тур де Франс во наредниот период треба да решат што да прават со најпрестижната велосипедска трка за оваа година.

Според францускиот „L’Equipe“, организаторите се фокусирани на изнаоѓање нов датум за трката, додека воопшто не размислуваат за тоа да се одложи.

„Непредвидливата природа на глобалната во која се наоѓаме сите значи дека мора да бидеме трпеливи со службените соопштенија, но во моментот сме повеќе насочени кон одложување на трката во подоцнежен датум во текот на летото отколку да се откаже“, пишува „Л’Екипе“.

Тур де Франс е предвидено да трае од 27 јуни до 19 јули, а одложувањето на трката за друг термин би можело да биде проблем од организациска гледна точка, бидејќи околу 4.500 возачи, спонзори, организатори и претставници на медиумите три недели патуваат ни Франција.