Фудбал
Турски клуб ги потврди разговорите со Балотели: „Чекаме одговор“
Адана Демирспор, новопромовираниот клуб на турската Супер лига, објави дека преговара со италијанскиот напаѓач Марио Балотели.
Откако не успеа да ја освои Серија А со Монца, Балотели би можел да продолжи понатаму, и не е исклучена можноста тој да се пресели во Турција.
Искусниот напаѓач е отворен за сите понуди, а тоа го објави Мурат Санчак, претседателот на Адана, кој се пласираше во првиот ранг на турскиот фудбал.
“Преговараме со Балотели. Му дадовме официјален предлог и сега чекаме да ни одговори”, изјави Санчак за „A Spor“.
Балотели во август наполни 31 година, а договорот со Монца истекува на крајот на јуни. Тој дојде во Монца од Бреша, исто така како слободен агент.
Тој постигна шест гола на 14 натпревари за Монца.