Фудбал
Турски коментатор во преност од Катар го спомнал „забранетото име“, го сменија на полувремето, па му врачија отказ
Коментаторот на турската телевизија „ТРТ“ Алпер Бакирчигил доби отказ затоа што во преносот на натпреварот Канада – Мароко го спомна легендарниот фудбалер Хакан Шукур.
Турскиот коментатор ги потсети гледачите дека Хакан Шукур е стрелец на најбрзиот гол во историјата на Мундијалите и поради тоа веднаш остана без работа.
Веќе на полувремето Алпер беше заменет со друг коментатор, а подоцна самиот Бакирчигил откри дека добил отказ.
Cüneyt Kıran @CuneytKiran adam olsa, maç anlatım teklifini reddeder, işinden atılan meslektaşı Alper BAKIRCIGİL in yanında olur dayanışma gösterirdi. Cüneyt beklesin dursun şimdi beni ne zaman işten atarlar diye… https://t.co/n5QACpfBRn
— Fatih ARIKOĞLU (@fatiharikoglu) December 2, 2022
Бев отпуштен од ТРТ, каде што гордо работев со години, по настанот што се случи денеска“, напиша тој на Твитер.
Алпер не смеел да го спомне името на големиот непријател на турскиот режим.
Хакан Шукур е апсолутна легенда на Галатасарај и на турската репрезентација за која одигра 112 натпревари и постигна 51 гол. И навистина, тој го постигна најбрзиот гол на Мундијалот во 2002 година, кога за 11 секунди ја затресе противничката мрежа. Тој ја предводеше Турција до третото место на Мундијалот, но за тоа повеќе не смее да се зборува, бидејќи турските власти го обвинуваат дека е поврзан со организацијата на Фетулах Ѓулен, која Ердоган и власта ја сметаат за терористичка.
По завршувањето на кариерата, тој влезе во политиката во 2011 година и се покажа како успех. Тој беше член на партијата на Ердоган, но две години подоцна ја напушти партијата и стана голем непријател на најмоќниот човек во Турција.