Connect with us

Фудбал

Турскиот тренер ја влошува ситуацијата: Моите играчи би можеле да бидат војници, ние ги поддржуваме!

Тренерот на Турција, Сенол Гунс, на прес конференцијата пред натпреварот зборуваше за неговиот тим кој ќе игра против Франција. Тренерот ги повика фановите на неговата земја да останат мирни и да не паднат пред провокациите. Голот што ја донесе победа над Албанија предизвика многу контроверзии бидејќи турските фудбалери славеа со воени поздрави.

“Очекувам мирен натпревар во Франција. Понекогаш има провокации на стадионот, но да се осврнам кон нашите навивачите, ако дојдете да го гледате натпреварот, тоа е само за забава. Сакам и двата тима да добијат аплауз, дури и Франција. Фудбалот е за зближување на луѓето“, кажа Гунс

Потоа Гунс ја коментираше прославата по голот против Албанија.

„Не сакам да зборувам за политика, но нашите момци можат да бидат војници. Не би сакал некој да настрада. Ние ги поддржуваме нашите војници, но јас сум против секаков вид насилство“, рече селекторот.