Connect with us

Ракомет

Турција поразена од Македонија во градот каде што учел Ататурк

Македонската репрезентација со победата над Турција ги стартуваше квалификациите за ЕП 2020. Натпреварот се играше во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битоал.

По првото одлично одиграно прво полувреме, ракометарите на Македонија на полувреме заминаа со резултат 17:13.

По одиграните први 25 минути од првото полувреме Македонија достигна највисоко водство од 15:9. И двете репрезентации во првото полувреме повикаа на тајм-аут.

За време на паузата беше прекршено правилото на ЕХФ – навивачите пушеа цигари во салата.

Во второто полувреме Македонија го задржа темпото и не му дозволи на противникот да го изедначи резултатот, инаку Турција во второто полувреме покажа значителоно подобра игра.

Македонија на овој натпревар пред полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола успеа да запише убедлива победа од 31:27.