Фудбал
Тутоспорт на насловната го претстави големото засилување на Јувентус
Иако Ливерпул се обиде да го задржи, Емре Џан на крајот од сезоната заминува во Јувентус.
На овој 24-годишен фудбалер на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул, иако претходните месеци имаше можност да ја прошири соработката, но тоа се уште не се случи и повеќе се „шушка“ дека се ближи неговото заминување од Енфилд.
Торинскиот весник Тутоспорт на насловната страница објави дека Емре Џан ја прифати понудата на Јувентус, но наводно, откако ќе заврши Лигата на шампионите и официјално ќе биде познато дека ќе премине во редовите на најтрофејниот италијански клуб.
Газета дело Спорт пишува дека е постигнат договор за петгодишна соработка, а германскиот репрезентативец ќе заработува околу шест милиони евра годишно во Торино.
Џан во 37 натпревари оваа сезона постигна шест гола и пет асистенции, а во последно време не игра поради повреда.
Emre #Can ha deciso di accettare la corte della #Juve ma aggiungendo una clausola per liberarsi. L'annuncio dopo la finale della Champions (#Tuttosport) pic.twitter.com/7U7reodxbh
— Giovanni Capuano (@capuanogio) April 30, 2018