Тајмаут
Уапсено лицето што расно го навредуваше Стерлинг
Англиската полиција соопшти дека е пронајден и уапсен човекот кој викендот во пресрет на дуелот Манчестер Сити – Тотенхем го удри и го навредуваше на расна основа фудбалерот на „граѓаните“ Рахим Стерлинг.
Се работи за Карл Андерсон (29) кој е обвинет за напад на расистичка основа и јасно е дека полицијата нема да има милост кон него, бидејќи тоа се карактеризира како едно од посериозните прекршувања во Англија. Конкретните мерки што треба да се преземат против Андерсон се уште на се објавени.
И покрај инцидентот Рахим Стерлинг блескаше на натпреварот против Тотенхем и постигна два гола во триумфот (4:1) на неговиот тим.