Connect with us

Други спортови

Убедлива победа за одбојкарите на Србија против Холандија

Одбојкарската репрезентација на Србија ја совлада денес Холандија со 3-0 (25:18, 25:18, 25:17) во второто коло од групата Б на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Србија вчера загуби од Франција и 1-1 остана во игра во полуфиналето. Избраниците на Слободан Ковач следниот натпревар играат во среда против Бугарија.