Фудбал
Удинезе-Фиорентина нерешено и зад затворени врати поради коронавирусот
Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, ја имаше најдобрата шанса на натпреварот бидејќи ја погоди стативата во првото полувреме.
Претпоследниот меч од денешната програма во Серија меѓу Удинезе и Фиорентина заврши без голови (0-0).
Натпреварот се играше зад затворени врати на Стадио Фриули во рамки Серија А поради мерките кои се на сила за коронавирусот.
Вечервното дерби меѓу Јувентус и Интер ќе го заокружи фудбалскиот викенд во Италија.