Connect with us

Фудбал

УЕФА донесе одлука: ПСЖ мора да продаде играч, Рома е мирна

Францускиот шампион, ПСЖ нема да биде казнет од УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Уште во септември минатата УЕФА отвори истрага против ПСЖ откако пристигна Нејмар од Барса за повеќе од 200 милиони фунти.

Сепак, сега е одлучено дека клубот нема да претрпи никакви последици, но внимателно ќе биде следена ситуацијата околу трансферот на Килијан Мбапе од Монако, кој дојде на позајмица, а на крајот од сезоната ќе биде откупен неговиот договор.

Меѓутоа до крајот на месецот ПСЖ мора да продаде еден играч кој чини околу 60 милиони евра, со цел да стават крај на овој случај и мирно да влезат во следната сезона

Што се однесува до Рома, таа е слободна, исто како Краснодар, Локомотив Москва, Монако, Зенит додека Интер заедно со Фенербахче и Трабзонспор се во проблем и ќе мора во наредниот период да продаде некои играчи за да исполнат договорот.