Connect with us

Фудбал

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со два натпревари без публика на домашен терен

УЕФА го казни српскиот фудбалски клуб Црвена ѕвезда со два натпревари без публика на домашен терен, поради пропустите направени за време на натпреварот против литвански Судува.

Како причина за казната се наведува лошата организација на натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Белград, а особено се нагласува однесувањето на навивачите.

УЕФА посочува дека биле блокирани премините на трибините, а навивачите на Црвена ѕвезда навивале расистички.

Белградскиот клуб доби и парична казна од 72.000 швајцарски франци.