Connect with us

Фудбал

УЕФА ја потврди намерата да се одржи Лигата на нации

Нион, 19 август 2020 (МИА) – Претседателот на рускиот фудбалски сојуз, Александар Дуков изјави дека УЕФА денес ја потврдила намерата да го одржи турнирот во Лигата на нациите следната сезона. Претходно, УЕФА разговараше за идејата да не се одржи овој турнир во услови на пандемија.

– Денес УЕФА ја потврди намерата да ја одржи Лигата на нациите како што беше планирано. На крајот, натпреварите на националните тимови ќе продолжат, рече Дуков.

Групната фаза од Лигата на нации ќе трае од 3 септември до 18 ноември.