Connect with us

Фудбал

УЕФА може да го казни ПСЖ

УЕФА ја разгледува можноста за воведување санкции против ПСЖ, објави „Ле Парисиен“. Францускиот шампион може да биде казнет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. 

Парискиот клуб ќе учествува во новата сезона од Лигата на шампионите, но ќе биде ограничен на 21 пријавен фудбалер и ќе има забрана да троши повеќе од одредена сума.

Одлуката ќе биде донесена следната недела.

ПСЖ очекува поволен исход.