Connect with us

Фудбал

УЕФА нема план Б за ЛШ

Објавено:

Францускиот „Л’Екип“ објави дека УЕФА се без План Б во кога станува збор за финалето во Лигата на шампионите.

Главниот план е завршниот турнир да се игра без публика од 12 до 23 август во Лисабон, но бројот на заразени со коронавирус е зголемен во тој град.

УЕФА нема намера да ја смени локацијата и покрај зголемувањето на случаите со коронавирус и, според „Л’Екип“, тие немаат план Б подготвен во случај „сè да се распадне“.

“УЕФА е во постојан контакт со Фудбалската асоцијација на Португалија и локалните власти. Се надеваме дека сè ќе биде добро и дека ќе биде можно да се организира турнир во Португалија. Засега нема причина за план Б. Ние ја следиме состојбата на дневна основа и се прилагодуваме“, изјави извор од УЕФА за„ Л’Екип“.

Во Лисабон, треба прво да се одиграат преостанатите реванши од 1/8 финалето, а потоа да се одигра и остатокот од турнирот, без повратен натпревар.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама