Connect with us

Фудбал

УЕФА покрена постапка против Црвена ѕвезда

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага против Црвена ѕвезда поради влегувањето на терен на навивачите на гостувањето во Салцбург во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите.

УЕФА ден по натпреварот на 29 август, ја уважи жалбата на српскиот шампион да им ја намали казната со цел натпреварите во ЛШ да ги игра пред полни трибини на свој терен.

Претходно, Црвена ѕвезда беше санкционирана поради фрлање тврди предмети од страна на нејзините навивачи и користење пиротехнички средства.

Се очекува дисциплинското тело на УЕФА в петокот да ја донесе конечната одлука за евентуална нова казна на белградските „црвено-бели“.