Connect with us

Фудбал

УЕФА: Рамос нема да биде казнет за повредата на Салах

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос нема да добие санкција поради повредата која Мохамед Салах ја доби по дуелот со него за време на финалето во Шампиoнската лигата. Причината е едноставна – Ливерпул не поднесе жалба до УЕФА.

Европскиот фудбалски штаб официјално објави дека жалбата за таква казна никогаш не била предадена од Ливерпул и случајот не можел да се разгледа.

Сепак, имаше уште една жалба против Рамос за ударот со лакт против Лорис Кариус во 49-тата минута. И за неашпанскиот дефанзивец нема да претрпи никаква казна. Се претпоставува дека одбивањето на УЕФА да го разгледа случајот е поради фактот дека пред предметната ситуација Вирџил ван Дајк од тимот на Ливерпул го турка Рамос во грбот, што доведе до губење на рамнотежа и подоцнежен удар против голманот на „црвените“.

Инаку Салах го напушти теренот со болки во рамото, откако падна на земјата по дуел со Рамос. Многумина фанови сметаат дека фудбалерот на Реал постапил намерно и дури организираа петиции за санкционирање на Шпанецот. Египетски адвокат пак се закани дека ќе го тужи Рамос за 1 милијарда евра.