Connect with us

Фудбал

„Уметникот“ пристигна, Челзи го промовираше новото засилување (ФОТО)

Жоао Феликс од Атлетико Мадрид е најновото големо засилување на Челзи.

-Челзи е еден од големите тимови во светот и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели – многу сум среќен што сум овде и многу возбуден што ќе играм на Стемфорд Бриџ, е првата изјава на Феликс како играч на Челзи.

Тој ќе го носи дресот со број 11, а доаѓа прво како позајмен, со можност за откуп на договорот. Феликс дојде во Атлетико Мадрид во 2019-та година за 126 милиони евра, што во тоа време беше четврти најскапо платен трансфер во историјата.