Connect with us

Фудбал

Уникатните преговарачки методи на Јирген Клоп

Тимот на Ливерпул сериозно се подготвува за напад на титулата во Англиското првенство во следната сезона.

Ливерпул на шампионскиот трофеј чекаат од 1990 година, и главниот приоритет на Јирген Клоп е титулата во Премиер лигата.

Тимот од Енфилд веќе го ангажирал Фабина од Монако, веројатно ќе и дојде Набил Фекир од Лион, но тоа не е се што Клоп сака.

Германскиот стратег тргна и по фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле. Младиот Французин, кој не се изнаигра во дресот на Каталонскиот гигантски, Клоп го гледа како идеален за неговиот тим и сака да го доведе на Енфилд.

Преговорите, Клоп ќе ги започне со мајката на 21-годишниот фудбалер, ќе го претстави планот и програмата што ја има, а потоа ќе разговара со одличниот офанзивец, додека во Барселона ќе испрати понуда од 100 милиони евра.

Дембеле стана член на Барса, од летото, минатата година. За него беа платени 115 милиони евра, но повредите го спречија да покаже што знае. Тој играше само 24 натпревари, постигна четири гола и девет асистенции. А повеќето натпревари ги започна од клупата.

Тој претходно играше за Борусија и Рен, и отсекогаш била желба на Клоп. Германецот се одлучи за интересни методи на преговори, а ќе видиме дали тој ќе успее.