Connect with us

Фудбал

Упамекано е минато, Коунде нов стопер на радарот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед продолжува да го истражува пазарот и да бара стопер.

После играчот кој долго време се поврзуваше со Јунајтед, Дајот Упамекано вети верност кон Баерн Минхен, Јунајтед се свртува кон други опции.

Славниот клуб од „Олд Трафорд“ сега ги сврте радарите кон Севилја и нивниот млад, одличен стопер Жул Коунде. Сепак, Јунајтед не е единствениот кој би сакал да го види 22-годишниот Французин во своите редови бидејќи ПСЖ и Реал Мадрид исто така погледнаа кон овој фудбалер. Шпанска Ла Разон пишува дека тие се свесни во Севилја дека купувањето на Упамекан од Баерн „на некој начин ќе влијае и на нивниот клуб“. Причината за ова, секако, е тоа што Коунде автоматски стана еден од најбараните стопери во Европа.

Реал наводно би им понудил на Севилја Иско или Маријано Дијаз во замена за пониска цена на овој стопер, се со цел да се пополни празнината што може да се појави од евентуалното заминување на Варан, кој исто така е на радарот на Оле Гунар Солскјер. Јунајтед наводно е подготвен да плати 70 милиони евра за Коунде.