Connect with us

Фудбал

Управата сака да продава ѕвезди, Конте најави заминување од Интер?!

Иако пред неколку дена ја освоија шампионската титула, по пауза 11 години, сепак бурно е во таборот на Интер. Според последните информации од Италија, раководството сакало да продаде дел од ѕвездите, односно најдобрите со цел да се покрие минусот и загубите, но тоа не му се допаѓа на Конте. Наводно тренерот најавил дека ќе замине доколку раководството одлучи да ги продава најдобрите.