Connect with us

Фудбал

Уругвајците бесни, судиите мораа со обезбедување да го напуштат теренот (ВИДЕО)

Уругвајците не можеа да се помират со елиминацијата од СП во Катар. Имено, тие на мечот со Гана победија со 2:0, но им требаше уште еден гол за да имаат подобра гол разлика од Јужна Кореја, со која имаа ист број бодови. На крајот не успеаја да постигнат трет гол, а во самиот финиш од судиското продолжение Кавани падна во шеснаесетникот, бараа пенал, не го добија. Ова предизвика гнев кај нив, па го опколија главниот судија по завршувањето на мечот. Му се нафрлија, вербално го напаѓаа и навредуваа, па судиите мораа со обезбедување да го напуштат теренот.