Фудбал
Уште две познати фудбалски имиња од следната сезона во Турција
Екипата на Трабзонспор сака да се вклучи во борбата за самиот врв следната сезона кога е во прашање турскиот фудбалски шампионат.
Клубот веќе започна да работи на засилувања, а тие донесоа две добро познати имиња.
Дресот на Трабзонспор од следната сезона ќе го носат Бруно Перез и искусниот Жервињо и со тоа ќе ја засили колонијата на познати имиња кои пристигнаа во турската Суперлига во последните неколку сезони.
Пред нив беше Месут Озил кој го засили Фенербахче.
? Addio ?? per Bruno Peres e Gervinho. Lasciano #Roma e #Parma a parametro zero e volano in ?? al #Trabzonspor ? con l'intermediario George Gardi. Foto e dettagli su @TuttoMercatoWeb pic.twitter.com/Z3k6Js74IM
— Marco Conterio (@marcoconterio) May 25, 2021
Перез потекнува од Рома, каде претходните две години беше на позајмица во Сао Паоло и Ресифе.
Од друга страна, Жервињо доаѓа од редовите на Парма, чиј дрес го носи од 2018 година, а пред тоа играше за Беверен, Ле Ман, Лил, Арсенал, Рома и кинески Хабеи.
Сигурно е дека нивното искуство може да биде од голема помош за Трабзонспор следната сезона.