Connect with us

Фудбал

Уште еден шок на тренингот на Сити: Завршена сезоната за Браво?

Чилеанскиот голман Клаудио Браво не можеше да започне нова сезона на полош начин.

Во Манчестер Сити вчера, 35-годишниот голман мораше да го напушти теренот поради повреда и беше префрлен во болница. Според првите информации на англиските медиуми, се работи за повреда на Ахиловата тетива и се чини дека е тешка повреда.

Според Би-Би-Си, Браво се повреди на самиот почеток на натпреварот, а денес ќе патува во Барселона за понатамошно испитување. Наводно, Браво може да ја пропушти речиси цела сезона. Наместо него, сега голман ќе биде 20-годишниот Даниел Гримшоу.