Фудбал
Уште едно лошо искуство за Бејл синоќа на „Сантијаго Бернабеу“
Реал Мадрид со 2:0 ја совлада Валенсија, но ова беше уште една лоша ноќ за Герет Бејл.
Откако замина Кристијано Роналдо, се очекуваше Бејл да стане лидер во Реал, но нему баш и не му оди.
Против Валенсија излезе од игра во 63. минута, целиот стадион го исвиркуваше, а ова беше десеттиот натпревар во Ла Лига во кој не постигна гол.
Моментално 794 минути е без гол во дресот на Реал Мадрид и тоа е најдолгата низа откако пристигна во овој клуб од Тотенхем.
Навивачите го исвиркаа Бејл и претходно во неколку наврати кога беше во контакт со топката против Валенсија, а Велшанецот повторно е надвор од својата форма.