Connect with us

Тајмаут

Уште не се развела од Мауро Икарди, а веќе има жешка снимка, Ванда во базен со љубовникот (ВИДЕО)

Познатата аргентинска старлета Ванда Нара го прослави својот 38 роденден во прегратките на својот сакан, раперот Л-Ганте. Таа се уште не се развела од Мауро Икарди со кој допрва ќе го направи тоа, а Нара веќе започнала нова романса.


Сега се појави видео како се бакнува во базен со Л-Ганте на нeјзината роденденска забава во својот дом во Санта Барбара. Опкружена со најблиските, Нара му дозволи на новото момче да и ја организира забавата. Интимните моменти со раперот со кој го изневеруваше Икарди веќе брзо се проширија низ социјалните мрежи.

Наводно, според различни таблоиди, Нара има сериозни планови со Л-Ганте, односно да влезе во сериозна врска и подобро да го запознае со своите деца. Добиени од два брака со фудбалерите Макси Лопез и Мауро Икарди, поранешни пријатели и соиграчи. Икарди му ја „украде“ Нара од Лопез, а сега Икарди истото го доживеа од Л-Ганте.