Connect with us

Фудбал

Уште тројца фудбалери ќе го напуштат Јувентус

Италијанскиот шампион Јувентус ова лето ќе се раздели со тројца свои играчи.

Излезната врата од „Алијанц“ стадионот ќе ја видат Стефано Стураро, Роландо Мандрагора и Алберто Черчи, а Јувентус очекува да добие речиси 40 милиони евра од тројцата.

Интересот за Стураро покажуваат екипите на Вест Хем и Евертон, вели „Тутоспорт“. Италијанецот е проценет на 20 милиони евра, кои англиските клубови се подготвени да ги платат.

Новопечениот италијански репрезентативец Роландо Мандрагора го бара Џенова. Оттаму се подготвени да платат 15 милиони евра за Јувентус.

Постојат барања и за Черчи од Каљари и Ајнтрахт (Франкфурт). Младиот фудбалер забележа 15 голови и 10 асистенции во Серија Б за тимот на Перуџа.

Претходно и Стефан Лихтштајнер ја напушти „старата дама“, откако одлучи да потпише со Арсенал.