Connect with us

Фудбал

Успешна операција на коленото: Познато е колку Кутињо ќе биде надвор од теренот

Фудбалерите на Барселона ремизираа против Еибар (1:1) на домашен терен пред неколку дена, а натпреварот го одбележа повредата на Филип Кутињо.

Бразилскиот играч за врска се повреди на самиот крај од натпреварот и повеќе не беше во можност да го продолжи мечот. Кутињо се пожали на болка во коленото, а по прегледот беше откриена странична повреда на менискусот.

Веднаш стана јасно дека станува збор за посериозна повреда на коленото и дека Кутињо го чека малку подолга пауза.

Каталонскиот клуб утрово потврди дека Кутињо имал операција на коленото и дека сè поминало во најдобар ред.

Тие исто така открија дека заздравувањето на Кутињо ќе трае три месеци и дека тој може да се врати на терените на почетокот на април.