Connect with us

Фудбал

Утре се игра „Ел Класико“, а Пике „удри“ по раководството на Барселона

Утре во 16 часот се игра големото „Ел Класико“. Нема да има навивачи, ќе отсуствуваат неколку фудбалери на двете страни, нема да ја има таа еуфорија како на претходните пресметки. Сепак, со оглед на ривалството се очекува добар фудбал.

Но, еден ден пред големото дерби, Жерар Пике „удри“ по раководството на Барселона. Тој зборуваше за скандалот кој се случи на почетокот на годинава.
-Невидена срамота е што клубот трошеше пари за да нè оцрнува во јавноста, изјави Пике, а пренесуваат шпанските медиуми.

Тој зборуваше за скандалот кој се појави пред неколку месеци, каде беше објавено дека раководството на Барселона следело одредени свои фудбалери и се обидувало преку влијание во медиумите да ги оцрни. Се разбира станува збор за фудбалери кои не се согласувале со работата на раководството, меѓу нив бил и Пике, потоа Меси, Суарез и други.

Овие информации тогаш ги демантираше раководството на Барселона.