Connect with us

Фудбал

Утрешниот натпревар „Шкупи“ – „Левски“ прогласен за висок ризик, службите прават проценки за полициски службеници

Утрешниот меѓународен фудбалски натпревар меѓу ФК „Шкупи“ и ФК „Левски“ од Бугарија  е прогласен за натпревар од висок ризик, потврдуваат од МВР за SPORTM.mk

„Ве известуваме дека Меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкупи“ од Р. Северна Македонија и ФК „Левски“ од Р. Бугарија кој ќе се одигра на ден 27.07.2023 година во 21.00 часот, од страна на УЕФА е прогласен за натпревар од висок ризик“, стои во одговорот добиен од МВР.

Согласно тоа, надлежните служби во Министерството веќе изготвиле соодветни планови и проценки.

„За истиот од страна на МВР ќе бидат ангажирани доволен број на полициски службеници според проценките на службата“, додаваат од МВР за SPORTM.mk

Натпреварот се одигрува утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од