Connect with us

Фудбал

Ужас во Италија, еден загинат, четворица повредени, меѓу нив и фудбалер на Арсенал при напад со нож во супермаркет

Едно лице е убиено, а најмалку четири се повредени при напад со нож во супермаркет во италијанскиот град Асаго. Меѓу повредените е и фудбалер на Арсенал кој е на позајмица во Монца, Пабло Мари.

За нападот е осомничен 46-годишник кој е притворен. Мотивот за нападот се уште не е јасен.

Арсенал потврди дека фудбалерот е повреден, дека е во болница, но е надвор од животна опасност.