Други спортови
Ваквата доминација на Ѓоковиќ одамна не е видена
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП-мастерсот во Париз.
Светскиот рекет број еден во четвртфиналето комплетно го сруши седмиот играч на светот, Стефанос Циципас со 2:0, на сетови 6:1 и 6:2.
Ѓоковиќ покажа апсолутна доминација на овој натпревар. Ѓоковиќ на грчкиот тенисер му остави само три гема и на крајот ја прослави својата победа за помалку од еден час.
Ѓоковиќ загуби само девет поени на свој сервис.
Српскиот тенисер утре во полуфиналето ќе игра со Григор Димитров, кој го совлада Кристијан Гарин со 2-0 (6:2, 7:5).
Мастерсот во Париз игра за награден фонд од 5,2 милиони евра.