Connect with us

Фудбал

Ваљадолид им ја наполни мрежата, Барселона двапати по ред загуби во Ла Лига за прв пат од 2021 година (ВИДЕО)

Барселона претрпе два порази во низа. Избраниците на Чави синоќа на гости загубија од Ваљадолид со 3:1 во 36. коло од Ла Лига. Минатото коло беше поразена од Реал Сосиедад со 2:1.

Каталонците претрпеа два пораза во низа во шампионатот на Шпанија за прв пат од октомври 2021 година. Тогаш тие беа поразени од Реал и Рајо Ваљекано. Во преостанатите два натпревара оваа сезона во Ла Лига, Барселона ќе се соочи со Мајорка и Селта Виго. Каталонскиот фудбалски великан ја има обезбедено шампионската титула.