Connect with us

Фудбал

Валенсија и Бетис заинтересирани за Стариџ

Шпанските екипи Валенсија и Бетис го сакаат напаѓаџот на Ливерпул Даниел Стариџ во своите редови по најавите за негова можна промена на средината.

Голгетерот на „црвените од Енфилд“ го загуби стандардното место во тимот и е во потрага на нов клуб со цел да игра повеќе за да обезбеди местото во репрезентацијата пред Светското првенство 2018 во Русија.

Оваа сезона Стариџ играше на девет натпревари во Премиер лигата постигнувајќи два гола и една асистенција.