Connect with us

Фудбал

Валенсија подобра од Селта

Со 2:1 тимот на Валенсија синоќа славеше против Селта во натпревар од шпанската Примера. Победничкиот гол Валенсија го постигна во 81. минута.

Стрелец на голот за победа беше Даниел Парехо, кој претходно асистираше за првото водство на неговиот тим. Првиот гол го постигна Симоне Заза во 22. минута, а изедначувачкиот гол за Селта го постигна Иаго Аспас во 46. минута.

Валенсија со 34 бодови е на второто место на табелата пред Реал Мадрид кој има 31 бод, откако вчера во дербито на колото со 5:0 ја совлада Севиља.

Лидерот на табелата Барселона (36 бодови) вечерва гостува кај Виљареал.