Фудбал
Валверде: Меси е гениј
Фудбалерите на Барса синоќа на „Камп Ноу“ го совладаа Алавес со 3:0, а Меси повторно „блесна“.
Аргентинскиот фудбалер синоќа постигна два гола и уште еднаш ја предводеше Барселона во победа.
По натпреварот тренерот на Барселона Ернесто Валвердде, не го криеше одушевувањето од играта на Меси, па кажа дека Аргентинецот уште еднаш покажа дека е вистински гениј на теренот.
„Меси е гениј. Среќни сме што можеме да го гледаме на теренот и што сме во светот на фудбалот во ера кога тој игра. Меси секогаш наоѓа начин да изненади и така ќе биде секогаш. Морате да бидете подготвени од Меси да го очекувате она невозможното затоа што тој гледа некои работи на теренот што никој не ги гледа“, рече Валверде.