Тајмаут
Ван Дајк за пеналите: Кој се грижи за тоа, ние поминавме!
Дефанзивниот играч на Ливерпул и најскапиот играч во историјата на овој клуб, Вирџил ван Дајк, имаше интересен коментар по натпреварот против Рома.
Ливерпул загуби 4:2, но тоа беше доволно за да се квалификува во големото финале на Лигата на шампионите, бидејќи на првиот меч славеше 5:2 на домашен терен.
Средбата беше обележана со бројни грешки на главниот судија Дамир Скомина, кој пропушти два чисти пенали за домашната екипа. Во првата ситуација, не виновен Скомина, неговиот помошник досуди офсајд за Един Џеко.
Сепак, по натпреварот Ван Дајк, рече дека не му е грижа за ове работи.
“Кој се грижи!” Ние поминавме. Па и ние имавме шанси за гол. Тоа е така во фудбалот, судијата одлучи со своите помошници и кога натпреварот се одвива вака како сега, тое е супер. Тоа е фер игра, а ние поминавме “, изјави дефанзивецот на Ливерпул.