Connect with us

Фудбал

Ван де Бик бил договорен за Реал, коронавирусот ја уништил зделката

Мадрид, 2 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бик бил договорен за Реал Мадрид, но кризата со коронавирусот го уништи неговиот трансфер. Ова го откри агентот на играчот Сајак Сварт, откако неговиот клиент парафираше со клубот од „Олд Трафорд“.

– Имаше интерес од многу екипи – Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Арсенал… Во март беше договорено дури и сè за неговото заминување во Реал, но потоа избувна пандемијата и сè беше одложено. Клубот веќе немаше приходи и тие не можеа да продаваат. Затоа сè се смени, призна менаџерот.

Сега членот на репрезентацијата на Холандија потпипа со Јунајтед за 5 + 1 сезони. За него, Ајакс ќе добие 39 + 5 милиони евра.