Connect with us

Фудбал

Ван Гал се враќа – добив понуда која не се одбиваше

Холандскиот тренер Луис Ван Гал наскоро се враќа.

Иако пред две години, кога го напушти Манчестер Јунајтед најави заминување во пензија, сега се премисли. Како што самиот вели, добил понуда која не се одбивала.

„Добив понуда која не се одбива“, изјави Ван Гал за холандската национална телевизија.

Иако се уште нема информации чија е таа толку примамлива понуда, холаѓаните шпекулираат дека се работи за некоја репрезентација.

Да потсетиме дека репрезентациите на Италија и САД во моментов бираат нови селектори.