Тајмаут
Ванеса Брајант неочекувано го отклучи Инстаграм профилот, а еве што им забрани на корисниците
Ванеса Брајант неочекувано го отвори својот Инстаграм профил за јавноста.
Вдовицата на Коби Брајант, денеска го отклучи својот профил и објави фотографија од Коби и Џиана – односно ја стави како профилна фотографија.

Таа ги забранила коментарите на сите фотографии на профилот.
На Инстаграм ја следат 1,6 милиони корисници, а се очекува таа бројка нагло да се промени после тажните вести за трагедијата која ѝ се случи.
Ванеса не даде никаква изјава во јавноста, а пријателите велат дека е скршена и дека не може да заврши една реченица, а да не се расплаче.