Connect with us

Кошарка

Вардар 2 и МЗТ Скопје ќе играат за трофејот во М12 конкуренцијата

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар 2 се пласираа во финалето на македонскиот шампионат за кошаркари до 12 гидини.

Во полуфиналната рунда од Ф8 турнирот, МЗТ Скопје Аеродром го победи тимот на Водњански Лисици со 52:33.

Понеизвесно беше во дуелот на двете вардарово екипи на кој славеше Вардар 2 со 54:45.

Двата натпревара со кои се завршува сезоната од македонското првенство во сите возрасни категории се играат денес.

Од 11 часот е дуелот за 3.место меѓу Вардар 1 и Водњански Лисици. Финалето меѓу МЗТ Скопје и Вардар 2 почнува во 13 часот. Натпреварите се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.