Ракомет
Вардар без Карачиќ и Страхиња против Нант
Ракометарите на Вардар првиот домашен натпревар сезонава од Лигата на шампионите против Нант ќе го одиграат без повредените Игор Карачиќ и Страхиња Милиќ.
Според тоа тренерот Раул Гонзалес се реши за следниот состав: Штербик, Стоилов, Поповски, Кристопанс, Фереира, Македа, Ѓоршески, Абутовиќ, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Шишкарев, Борозан, Вовјовиќ и Марсениќ.
Во редовите на Нант ќе настапи и капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров.
Натпреварот ќе го судат: Бруновски и Чанда од Словачка. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.