Ракомет
Вардар го „потопи“ Пелистер среде Битола
Вардар денеска на гостински терен го совлада Пелистер со 28:43. Натпреварот помина мирно без инциденти, а Вардар покажа дека неслучајно е европски шампион, а тоа го потврдија и со пласманот на Ф4 оваа сезона.
Уште на почетокот на првото полувреме Вардар направи одлична серија и имаше пет гола предност (2:7), а нападите на домаќинот не вродиа со плод поради многубројните грешки, но и одличните одбрани на голманите на Вардар.
Наспроти грешките на Пелистер, Вардар одигра одлично прво полувреме, па на пауза отиде со високи осум гола предност (14:22).
Во второто полувреме на Пелистер му беше тешко да стигне до реализација, домаќините влегуваа од грешка во грешка, а Вардар тоа вешто го казнуваше.
Брзите контри на Вардар го „докрајчија“ Пелистер, а конечниот резултат на оваа средба на семафорот покажа победа на Вардар со 28:43.