Фудбал
Вардар го совлада Тетекс и се врати на врвот
Екипата на Вардар повторно е на врвот на табелата во Втората македонска лига, откако попладнево го совлада Тетекс со 2:0. Николовски во 31-ва и Мицевски во 60-та беа стрелци на головите. Вардар на тој начин го искористи киксот на Гостивар во пресметката со Детонит Плачковица, па сега со 32 бодови повторно е на врвот, додека Гостивар има 31 бод, а Воска Спорт 30.
Резултати:
Беласица – Кожув 3-1
Беса – Борец 3-0
Гостива – Детонит Плачковица 1-1
Локомотива Пехчево – Пелистер 2-3
Каменица Саса – Караорман 2-2
Слога Виница – Арсими 0-0
Тетекс – Вардар 0-2
Воска Спорт – Охрид 3-0
Табела: Вардар 32, Гостивар 31, Воска Спорт 30, Пелистер 26…