Connect with us

Фудбал

Вардар по изненадување во Санкт Петербург

Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер од 19 часот на стадионот „Петровски“ во Санкт Петербург му гостува на Зенит во 5.коло од Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ ќе се обидат да дојдат до првиот бод во второто по квалтет клупско европско натпреварување, иако рускиот тим важи за апсолутен фаворит на овој дуел.

Вардарци својата шанса ја гледаат во изменетиот состав на Зенит, чиј тренер најави минутажа за повеќе играчи кои вообичаено се резерви.

Под водство на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски, вардар вчера го одржа официјалниот тренинг во терминот предвиден за натпреварот.

Зенит е лидер на табелата во Л-групата со 10 бода, Сосиедад е втор со 9, Розенберг има 4, Вардар е последен без освоен бод.