Ракомет
Вардар победнички ја отвори 2021 – ја совлада Војводина со 25:21
Вардар издвојува победа над Војводина со 25:21 во рамките на СЕХА лигата.
Македонскиот тим одличнио го започна натпреварот и уште на стартот се оддвои од противникот и имаше предност од 5 гола. Војводина го постигна првиот гол на натпреварот, но пота следеше фантастичната серија на Вардар од 6 голови. Војводина немаше решение за западите на Вардар, а одличната игра на вардар му донесе 15:10 на полувреме.
Вардар успеа да ја одржува стекнатата предност и во второто полувреме. Војводина едноставно немаше одговор на одличната игра на Вардар кој го доби натпреварот со конечни 25:21.
Вардар следниот натпревар од СЕХА лигата го игра против Нексе на 1 февруари.