Connect with us

Ракомет

Вардар потешко од очекуваното славеше против Металург

Со 31:24 европскиот ракометен шампион Вардар славеше во македонското дерби во СЕХА Лигата против тимот на Металург, со што ја остварија својата десетта победа.

Тимот на Металург имаше предност во натпреварот до 40. минута, но немаше сила да одигра на исто ниво во текот на целиот натпревар. На полувремето водеше Металург со 14:12, а Вардар првпат поведе со 17:16 во второто полувреме.

Најефикасен играч на натпреварот беше Тимур Дибиров со 10 голови.

Вардар со максимални 10 победи и 30 бодови е прв на табелата, а зад него е ППД Загреб кој вчера го совлата Нексе со 30:29. Загреб има 19 бодови. Металург се наоѓа на седмото место со 9 бодови.