Connect with us

Фудбал

Вардар против Пјуник во 1. коло од Лигата на Европа

Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија. Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен.