Connect with us

Ракомет

Вардар со блескаво второ полувреме го „прегази“ Мешков Брест

Македонскиот првак Вардар ја забележа петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва беше поуспешен од Мешков Брест со 30:23.

„Црвено-црните“ до победата стигнаа по подобра игра во второто полувреме. Првите 30 минути завршија нерешено 14:14. Предводник во триумфот на домаќините беше хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ со 11 голови.

Вардар на овој меч настапи ослабен без левиот бек Вуко Борозан. И во следното коло македонскиот првак ќе биде домаќин, во СЦ „Јане Сандански“ следниот викенд доаѓа Барселона.

По шест рунди Вардар има пет победи и еден пораз и е на првото место на табелата во А-групата.